Душко Поповиќ 2А, Гостивар
Се продава куќа на одлична локација во населба Дутлок, Гостивар.
Недвижноста поседува вкупна површина од 452 м2 од кои 110 м2 е основа на куќата, 225 м2 двор, а остатокот од површината зафаќаат објекти од типот на гаража, помошен објект, работилница и тн.
Се работи за релативно нова куќа (2008 год) која е градена со врвен квалитет по сите стандарди.
Објектот поседува вкупна станбена површина од преку 240 м2 и се состои од : 6 спални соби, 3кујни со трпезарии, 4 бањи, 3 дневни соби, помошни простории и балкони.
Истата е погодна за станување на две фамилии.
Целиот објект е поврзан на централно парно греење кое е поврзано и со соларна единица. Сите врати во објектот се направени од масивно дрво, а прозорците се со врвен квалитет (термопан прозорци). Подот на куќата е комбинација на паркет и плочки, а скалишниот простор е изработен од костен.
Надворешноста на објектот е одлично уредена, поседува убав двор со летниковец, летна кујна, остава, работилница и гаража со канал.
Куќата поседува уредна документација (имотни листови) без никакви товари и прибелешки и истата е во сопственост на едно лице (олеснет пренос)
Согласно урбанистичкиот план поседува можност и за надградба на објектот се до катност Приземје + 2 ката + Поткровје.
Код: | 23251 |
Тип на оглас: | Се Продава |
Нова цена: | 245000 € |
Град: | Гостивар |
Површина: | 110m2 |
Повришна на парцела: | 452m2 |